Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Ова беше споделено во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“.
Граѓаните велат дека иако е еднонасична, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.
– Оваа улица позади Т.Ц. Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О.У Браќа Миладиновци и е опасно за нив. Денес беше удрено дете од мотор, а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес, сподели жител од околните згради.
Во продолжение може да погледнете фотографија од локалните жители.