На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ. Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество. Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското востание!“, наведуваат од Државниот архив.