Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва бил почувствуван во Скопје и околината.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил регистриран во 21:54 часот, а неговиот епицентар бил во скопското подрачје. Потресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пак, наведува дека земјотресот се случил во 21:53 часот, со епицентар на околу 11 километри североисточно од Скопје, во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија.

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 15 километри.