„Одлучен удар 21“ започна на 17 мај и ќе трае до 2 јуни 2021 година и е вежбовна активност од поголеми размери и е во рамките на „Defender Europe 21″ во која учествуваат 27 држави со 28. 000 војници и чија цел е да ја демонстрира подготвеноста на армиите за кредибилна одбрана која вклучува многу компјутерски поддржани вежби, теренска обука и воени гаѓања.
Џафери, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, изрази огромно задоволство и нескриена гордост што како земја домаќин Република Македонија, на првата година од нашето полноправно членство во НАТО Сојузот, успеавa да организира, се разбира во тесна соработка и со безрезервна помош од нашите сојузници, воена вежба на исклучително високо ниво, што само ја потврдува подготвеноста на нашата Армија, нејзината професионалност, способност за комуникација и соработка со други партнерски армии, и не само тоа, туку и нејзината рамноправност во одржувањето на мирот, стабилноста и безбедноста на Европа и регионот.
-Радува и фактот што воениот полигон Криволак, со актуелниот потенцијал меѓутоа и со планираната ревитализација, ќе се вброи во светски признатите воени полигони атрактивни за реализација на воени вежби од светски формат, се наведува во соопштението.
На армискиот полигон во Криволак, покрај претседателот на Собранието Џафери, присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и други министри во Владата, министерката за одбрана на Црна Гора, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, членови на собраниската Комисија за одбрана, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и други високи армиски претставници, амбасадорката Кејт Мари Брнз, како и дипломатскиот кор присутен во Република Македонија