Таа се дружеше таму со светски познати лица; Хајди Клум (48) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (31), Џануари Џонс (43), внуката на принцезата Дијана Кити Спенсер, Џенифер Хадсон…

Џеј Ло своите познати облини ги стегнала во панталони со цветен дезен, кои ги комбинирала со топ и „круна“. Ниту високите потпетици не биле „обични“, а целата комбинација ја комплетирала со раскошна наметка.

И додека обожавателите се расправат на социјалните мрежи дали таа ставила премногу цветни дезени на себе, оние со поостар вид успеале да ја уловат етикетата што се виорела на прескапата наметка на латино дивата.

– Има сто чувари зад неа, па како можеше никој од нив да не оди пред неа и да пријави… Каков гаф – констатираа некои обожаватели, додека други се прашуваа како е можно постојано да се случува такво „шетање на етикетите“ на познати личности. „Барем тие имаат луѓе задолжени за нивната гардероба“, тврдат тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)