Легендарната хравтска група „Магазин“ ќе гостува во ноќниот клуб PURE, со почеток од 21 часот.

Групата која се смета за една од најуспешните и највлијателните на сцената на балканската музика ќе ги изведе своите најголеми хитови пред фановите во Скопје.

Хитовите кои се популарни кај многу генерации како “Put putujem” , “Ti si želja mog života”, “Oko moje sanjivo”, “Sve bi me curice ljubile”, “Balkanska ulica”, “Istambul”, “Zna srce, zna”, “Sve bi seke ljubile mornare”, “Boli me” , “Besane noći” се само дел од хитовите кои ќе ги чуеме во сабота.

Билетите за овој настан се продаваат по цена од 1.000,00 денари преку продажната мрежа на www.ticketx.mk, а резервации може да се направат на телефонскиот број 071 649 683. Организаторите на настанот најавуваат незаборавна ноќ, исполнета со добра музика и многу забава.

Фановите на „Магазин“ во Скопје можат да се подготват за незаборавна вечер, полна со одлична музика и уникатен настап.