Претседателот на САД, Џо Бајден беше снимен како во патики ужива на терасата во хотелот каде се одржува самитот Г-7, придружуван од сопругата.

Претходно, првата дама на САД, Џил Бајден беше фотографирана боса на плажа заедно со Кери, сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон.

Дамите беа заедно со 1-годишниот син на Кери и Борис, Вилфред, а очигледно биле подготвени за ваквата игра затоа што во непосредна близина можеме да видиме дека ги оставиле и апостолките.

Pretsedatelot-na-SAD-vo-opushteno-i-neformalno-izdanie-Dzo-Bajden-vo-sportski-patiki-Dzil-bosa-na-plaza-02.jpg

Претходно дамите беа фотографирани во истите аутфити со штикли на плажата во Корнвел каде ги придружуваа нивните сопрузи на прошетка пред самитот Г-7. Двајцата политичари ги држеа своите поубави половини за рака.

Претседателот на САД даде интересна изјава за медиумите и посочи:

-Му реков на премиерот дека имаме нешто заедничко. И двајцата се оженивме за жени што се од повисока класа од нас – рече Бајден, а Борис беше согласен со таквата изјава.

Во продолжение повеќе фотографии од Џо и Џил Бајден во неформално издание:

Pretsedatelot-na-SAD-vo-opushteno-i-neformalno-izdanie-Dzo-Bajden-vo-sportski-patiki-Dzil-bosa-na-plaza-05.jpg

Pretsedatelot-na-SAD-vo-opushteno-i-neformalno-izdanie-Dzo-Bajden-vo-sportski-patiki-Dzil-bosa-na-plaza-06.jpg

Pretsedatelot-na-SAD-vo-opushteno-i-neformalno-izdanie-Dzo-Bajden-vo-sportski-patiki-Dzil-bosa-na-plaza-07.jpg

Pretsedatelot-na-SAD-vo-opushteno-i-neformalno-izdanie-Dzo-Bajden-vo-sportski-patiki-Dzil-bosa-na-plaza-08.jpg

Pretsedatelot-na-SAD-vo-opushteno-i-neformalno-izdanie-Dzo-Bajden-vo-sportski-patiki-Dzil-bosa-na-plaza-09.jpg