Премиерот ги известил партнерите во НАТО
Премиерот Христијан Мицкоски утрово изјави дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО за случајот со објавената дипломатска нота, која се однесува на патување на неговата сопруга и помалиот син во Пампорово, Бугарија кои биле кај пријатели во бугарскиот град. Според Мицкоски, со објавувањето на документот била загрозена безбедноста на неговото семејство, бидејќи во јавноста се појавиле детали поврзани со нивното патување и обезбедување.
Мицкоски за дипломатската нота: Ова е закана за безбедноста на моето семејство
Преседан во дипломатијата
Мицкоски оцени дека станува збор за невообичаена и опасна практика во дипломатските односи.
„Еве вчера видовме еден преседан во дипломатијата“, изјави премиерот, коментирајќи ја објавената нота за престојот на неговото семејство во Пампорово.
Тој додаде дека ваквите потези не водат кон подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија, туку, напротив, дополнително ја радикализираат состојбата.
Дипломатската нота за која говори Мицкоски е допис со кој македонската амбасада во Софија го информирала бугарското Министерство за надворешни работи дека сопругата и еден од синовите на премиерот ќе патуваат во Пампорово. Известувањето е од 6 јануари годинава, а се однесува на патување два дена подоцна, односно на 8 јануари.
Погледнете ја дипломатската нота која се шири по бугарските медиуми:

Бугарски медиуми дополнително ја подгреваат тензијата
Дополнително, бугарските медиуми ја подгреваат тензијата против Македонија. Бугарскиот портал „Евроком“ објави текст во кој се наведува дека семејството на Мицкоски било на зимски одмор во Пампорово, додека тој водел остра реторика кон Бугарија. Во написот се повикуваат на македонски портал и се тврди дека патувањето било реализирано со владини автомобили и вооружено обезбедување.
Во истиот текст се наведува дека сопругата на премиерот и неговиот син на 8 јануари влегле во Бугарија преку граничниот премин „Ново Село – Златарево“, придружувани од обезбедување, а бугарското МВР обезбедило полициска придружба до Пампорово по барање на македонската амбасада во Софија.


Со ваквите објави, случајот дополнително добива политичка димензија, откако Мицкоски оцени дека објавувањето на дипломатската нота претставува загрозување на безбедноста на неговото семејство.
Објавувањето на оваа дипломатска нота од страна на бугарското МНР претставува сериозно загрозување на безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски.
Согласно дипломатските процедури, македонските власти испратиле нота до бугарското МНР, но нејзиното јавно објавување претставува загрозување на безбедноста.
