Дамиано брзо доби огромен број обожаватели, но сега истите тие фанови се многу загрижени.

Имено, пејачот објави фотографии на својот Инстаграм профил на кои јасно се гледа неговото крваво лице полно со рани, па следбениците се исплашија да не дошло до тепачка и уште некои посериозни повреди.

Сепак, има и други кои веруваат дека ова е само начин на Дамиано да привлече дополнително внимание и дека овие „рани“ се најобична шминка од снимањето на новиот спот. Која е вистината ќе дознаеме наскоро…