Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се уште не знае кога ќе се врати на терените. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња неодамна го прослави 40 роденден и се повеќе од јасно е дека крајот на кариерата е се поблиску.

Се повлече од Ролан Гарос по три меча, а на Вимблдон стигна до четвртфиналето каде беше елиминиран од Убер Хуркач. Го откажа учеството во Торонто и Синсинати, а се уште не знае дали ќе биде дел од УС опен.

-Овој период го искористив за да се одморам. Воопшто не тренирав поради проблемите со коленото. По Вимблдон, морав да се одморам и да ја согледам ситуацијата. Неделава ќе имам состанок со мојот тим и докторите и ќе одлучиме што е најдобро. Во моментов ништо не е сигурно, изјави Федерер.