Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одреди носителите на групите пред утрешната ждрепка во Минхен за квалификациите за Евробаскетот 2025.

Потврдениот состав за квалификациите за ФИБА Евробаскет 2025: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летониија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција, Украина.

Овие 32 национални селекции ќе бидат поделени во осум групи од по четири тима на ждрепката за квалификациите. Квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, ќе се играат во три „прозори“, односно на 19-27 февруари 2024 година, 18-26 ноември 2024 година и 17-25 февруари 2025 година (со по два натпревари одиграни од секоја екипа во секој прозорец).

Трите највисокопласирани селекции од секоја група, освен групите во кои влегуваат кодомаќините на ЕП, Кипар, Финска, Полска и Летонија, ќе се квалификуваат за финалната рунда.

Во групите кои ги содржат нациите домаќини, домаќинот и двете други највисоко пласирани селекции ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.