Во решавачкиот натпревар, македонските кошаркарки беа многу подобри од домашната селекција на Грузија и победија со убедливи 104:36.

Михаела Алексовска со 28 и Марија Иванов со 20 поени беа најефикасните во победничкиот состав.

Македонките со максимални четири победи стигнаа до победничкиот трофеј и златните медали кои ги доделува ФИБА за ова ново натпреварување.