Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ѝ посака добредојде во Скопје на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Денеска во Скопје ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Посетата е силна потврда за европската ориентација, посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и јасната определба за напредок во европската интеграција“, посочи шефот на македонската дипломатија.

Муцунски додаде дека за Македонија е важен јасен, кредибилен и предвидлив процес, пред нас се конструктивни средби, со фокус на натамошниот напредок.

„Европски вредности, реформи, силни институции и конкурентна економија – за подобар живот на граѓаните“, порача министерот.