Македонија и Шкотска синоќа одиграа натпревар во Лигата на нации (0-2), но еден неочекуван гостин успеа да стане главна тема надвор од фудбалските случувања. Куче во текот на првото полувреме влета на теренот, поради што мечот беше накратко прекинат.

Необичната сцена веднаш привлече внимание, а снимките од кучето како трча по теренот брзо се проширија низ светските медиуми, кои ја пренесоа ситуацијата од натпреварот во Скопје.