Трет ден собраниска расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот.

Според фотографиите на ТВ 21 , денешната пленарна седница во Собранието, ја следи и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Расправата во претходните два дена се одвиваше во тензична атмосфера, каде опозицијата за време на обраќањата на пратениците од владејачкото мнозинство правеше врева, а имаше и вербални конфликти и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република  Македонија со ЕУ.