Предавникот Димитар Ковачевски многу скоро ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ за ова понижување кое го прави со предлогот за бугаризација на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Без око да му трепне ги распродава македонската историја, идентитетот, културата и македонскиот јазикот. Сквернавејќи по гробовите на илјадници загинати од раката на бугарските фашисти, кој со овој договор кој сака да го изгласа, треба да бидат бугарски администратор.

Со денови илјадници граѓани јасно кажуваат НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација на Македонија. Спротивно на волјата на народот кој веќе две недели е на улиците низ Македонија, Ковачевски, Османи и Маричиќ на сила се обидуваат да го протнат предлогот за асимилација на Македонија.

Обидувајќи се да се сокрие позади пратениците во Собранието, подметнувајќи еден лист хартија со некаква информација која треба да биде разгледана, предавникот Ковачевски нема да побегне од судот на народот.

Димитар Ковачевски ќе одговара и ќе лежи во затвор за ова што и го прави на Македонија и македонскиот народ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.