Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе дадоа поддршка на протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протестот.
Од власта пак, велат тоа не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пристигна на семакедонски протест „Правда за уставобранителите, слобода за Македонија“ кој се одржува пред Владата. Организтор на протестот се македонски заедници и организации од дијаспората, а повод како што велат се настаните во Собранието на Македонија на 27 април.