Тој истовремено се заблагодари на сите кои помогнале во оваа акција
На почеток им благодарам на сите кои се приклучија да помогнат во реконструкција на опожарените куќи во Злокуќани.
Вложивме напор и денеска отпочна реконструкцијата на куќите тргнувајќи од покривот.
Се надевам, што е можно поскоро заедно ќе обезбедиме услови за живот на нашите сограѓани.
Граѓаните на Карпош не се сами, мора да бидеме солидарни и да се помагаме меѓусебе!, напиша Јакимовски.