Корисниците од „Кеј 13 Ноември“, делот кај паркингот „Холидеј Ин“, потегот околу „Кеј 13 Ноември“, булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Мирче Ацев“, дел од улицата „Мирче Ацев“ и семафорите на крстосницата кај „Веро Џамбо“ во Општина Центар, утре од 8:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето на планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.