Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро.


Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.

Освен кај Дојранското езеро, од Дирекцијата за заптита и спасување информираат за пронајдена опасна граната и во  Меџитлија.

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

-Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112, велат од ДЗС.