Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција за отстранување на диви препродавачи. Голем број полициски автомoбили се паркирани на коловозот па булеварот Крсте Петков – Мисирков е едвај прооден, а сообраќајниот метеж е прелеан и на околните улици.
„СВР Скопје во координација со Град Скопје презема мерки за отстранување на нелегални препродавачи“, кусо велат од Министерството за внатрешни работи.
