Времето утре наутро ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје наутро со умерена облачност, во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневната температура.

Во вторник ќе дува засилен ветер од северен правец.