Камион удри утрово во автомобил на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. За среќа нема повредени, а причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува, објави Вечер.
Според очевидци, автомобилот застанал на пешачки премин да ги пропушти пешаците, а камионот го удрил од позади.
Полицијата во моментов врши увид на местото на сообраќајката.