Како што може да се забележи на веб-страницата на Електронскиот систем од Бирото за јавни набавки, Владата во својата најнова набавка порачала разни риби и морски плодови.
На фотографиите се гледа дека е нарачана риба – калифорниска пастрмка, лосос, ослиќ, крап и бранцин, а од морските плодови, вработените во Владата ќе се нагостат со вкусни октоподи, лигњи, школки, ракчиња и други морски плодови.
Она што е интересно за набавката, е дека истата доаѓа во време кога има речиси 160.000 лица кои се водат како невработени, а воедно и во време на строги рестриктивни мерки, кога на граѓаните им е забрането да се хранат во самите ресторани.