Милош Трајановски од Охрид, вработен во АНБ Скопје наводно бил во автомобилот со Зоран Милески – Кичеец за време на сообраќаката која денеска се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, велат полициски извори за „Нетпрес“.
Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седум се повредени, од кои четири потешко, поради што се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.
За тоа како Кичеец се нашол на слобода официјално од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.
Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга. Тој е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет” – примање награда за противзаконито влијание.
Лидер се обиде да стапи во контакт со директорот на АНБ Виктор Димовски, но тој молчи во однос на овој кривично правен настан.