Партискиот претседател од градскиот плоштад порача дека ќе се бори за европско Тетово.

-Тетово не бара импровизација во работата, бара системска работа. Општина Тетово не треба да вработува луѓе само за да пишуваат коментари на социјалните мрежи, платени медиуми за да нема критика и да не се кажува реалноста. Тетовчаните заслужуваат да знаат каде оди секој денар од општинската каса. Тетовчаните заслужуваат активно да учествуваат во трансформацијата на нивниот град. Овој град е толку важен и има толку можности, истакна Билал Касами на собранието.

Тој посочи дека со тимска работа ќе понуди промена за Тетово.

-Овој град треба да биде пример за чистота, и зачувавање на животната средина. Општината треба да биде место за сите, а не за некого. Не парите на општината да одат за гласачката машинерија. Општината треба да биде отворена за сите, за секој граѓанин да биде горд што е жител на Тетово. На денот на изборите да му го вратиме сјајост на Тетово, со најдобрата професионална екипа. Ние нудиме за Тетово и тетовчани да ги компензираме четирите години што ни ги одзедоаа. Имаме можност да направиме промени. Од овој момент ќе тропнеме на секоја врата имаме ресурси и ветуваме дека ќе направиме граѓаните да се гордеат со Тетово, рече Касами.

Лидерот на Беса и беше противкандидат на Теута Арифи и во 2017 година.