Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија, денеска на планината Петлец во близина на Русиново, се одбележува 115 годишнината од неговата погибија.

На традицоналниот марш до Петлец „По врвиците на Војводата Дамјан Груев 2021“ во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово, присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, членот на Извршниот комитет, Драган Ковачки, како и градоначалниците на Пехчево и Македонска Каменица, Александар Китански и Димчо Атанасовски.

Собирното место беше во село Русиново, продолжува со Панихида на чест на Војводата на селските гробишта, потоа со положување на свежо цвеќе и тргнување кон местото на загинувањето на Војводата.

Овој настан традиционално со огромна почит се организира долги години наназад.

Даме Груев, токму на Петлец, во 1906 година, почина како и што живееше- храбро, тврдокорно, со мислата за Македонија. Тој е неизбришлив и безвременски патник кој никогаш нема да исчезне.