Одбележани 50 години од Европската народна партија со присуство на европски лидери
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, настан што обедини бројни лидери, претставници и гости од Европа.
„Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа“, истакна Мицкоски.


Нагласена улогата на ЕПП во европските вредности и стабилноста
Тој посочи дека настанот бил исполнет со силна енергија и визија, при што била потврдена важноста на Европската народна партија во градењето на европските политики.
„Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. Присуството на бројни европски лидери даде дополнителна тежина и значење на оваа свеченост“, изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека ваквите средби имаат значајна улога во јакнењето на соработката меѓу државите и градењето заедничка европска иднина.
„Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа“, додаде Мицкоски.

