Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вчера присуствуваше на премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и ги сподели впечатоци на социјалните мрежи:
-Вечерва имав чест да присуствувам на филмот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска дело кое уште еднаш потврдува дека македонската кинематографија има глас што одекнува далеку надвор од нашите граници, светско, а наше!
Филм што допира од Скопје до Њујорк, од Скопје до Лондон.
Искрени честитки за брилијантното остварување и надеж дека ова е само еден од многуте идни успеси со кои ќе се гордееме, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
