Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на Пиво фест во Прилеп.

-По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, напиша синоќа Мицкоски  на Фејсбук.

Тој порача  дека ваквите настани се уште една потврда дека заедништвото, непосредната комуникација и поддршката на локалните манифестации се важен дел од животот на секоја заедница.