Пеп Гвардиола стави крај на шпекулациите дека би можел да ја преземе италијанската фудбалска репрезентација, нагласувајќи дека во моментов нема намера да се врати на тренерската работа. Шпанскиот стратег вели дека сака да му се посвети на приватниот живот и дека засега не чувствува желба повторно да биде на клупата.
„Не чувствувам дека нешто ми недостасува.
Почнав да тренирам тимови кога имав 37 години и сè во мојот живот беше поврзано со фудбалот.
Сега сакам да го откријам животот и да бидам среќен правејќи работи што не се поврзани со овој спорт. Ја сакам својата работа, но доаѓа време кога чувствуваш дека треба да направиш пауза.
Можеби еден ден ќе се разбудам и ќе кажам: „добро, сакам повторно да тренирам“. Морам да чувствувам дека ми недостасува, а во моментов не“, рече Гвардиола.
Тој додаде дека во овој период негов приоритет е семејството, а особено времето што сака да го поминува со своите деца и со својот 95-годишен татко.
„Се обидувам да сфатам каков ќе ми биде животот. Решив да дадам отказ од работа затоа што сакам подобро да се грижам за себе. Сакам да поминувам повеќе време со моите деца и со мојот татко, кој има 95 години и сè уште е со нас. Сега имам 56 години, веќе не сум млад, па перспективата се менува. Сè уште се прилагодувам на ова ново поглавје, но оди прилично добро“, рече Пеп.
