Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во општина Кичево има цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции – пишува премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за одржување.

 

Инвестицијата во износ од 19.456.070 денари придонесува кон подобрување на еколошките стандарди, намалување на емисиите на штетни гасови и создавање поздрава и поодржлива средина за учениците и наставниот кадар – пишува Мицкоски.

Тој додава дека проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во општина Кичево.