Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, место со длабоки духовни и историски корени, кое со векови е дел од македонската традиција и културното наследство.
„Нашите свети места се потсетник на вредностите што нè обединуваат – верата, достоинството, почитта кон минатото и одговорноста кон идните генерации“, објави Мицкоски.
Тој порача дека наследството треба да се чува и почитува.
„Да го чуваме и почитуваме она што ни е оставено во наследство“, порача премиерот Мицкоски.
