По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Свети Николе.

Премиерот Мицкоски објави дека бил во традиционална посета на Свети Николе по повод овој ден кој, како што вели, секогаш носи посебна атмосфера, исполнета со вера, традиција и заедништво.

-Тодорова сабота е длабоко вкоренета во нашата култура и претставува симбол на почит кон обичаите што се пренесуваат од генерација на генерација, објави Мицкоски.