Станува збор за коментар на профилот на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски – Перо Камиказа, каде тој прашува каде ќе отидат неговите гласови во втор круг, притоа нарекувајќи ја кандидатката Данела Арсовска „спонзоруша“. Коментарот беше првично објавен од порталот Експрес.
Ова не е првпат кадар на СДСМ и близок до раководството да има вакви испади. Претходно, Радио Лидер дојде до коментар на директорот на зоолошка и еден од најблиските кадри на Петре Шилегов, како исто така користи говор на омраза против Арсовска.
Погледнете го коментарот кој потврдува дека овој советник во кабинетот на Заев шири мизогинија и говор на омраза против кандидатката која вчера беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ:
Она што го прави овој коментар поспецифичен, е тоа што доколку го отворите профилот на дотичниот Дејан Николовски, под неговата фотографија можете да видите што тој работи.
Како што наведува, тој е советник за инвестиции во кабинетот на Зоран Заев и во владата на „Република Северна Македонија“.