Во полуотвореното одделение на КПД Идризово беше организиран музички настан на кој настапи најпознатиот балкански хип-хоп артист Тони Зен.

Од Управата за извршување на санкции информираа дека настанот се одржал во вторникот.

„Настапуваа и осудени лица кои издржуваат казна затвор во оваа установа“, додаваат од Управата.