Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ- Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Република Македонија дознава Лидер.
Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно 7 ( седум) локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на Детска Порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.
За едно од лицата кај кого ќе се врши претрес Борче Костевски од Струга постојат информации дека е претседател на бугарско здружение ” Струмичка петорка” водител е на подкаст со име Б2 Канал – Почетна пресметка, кое студио е лоцирано во Скопје.
Истo така Борче Костовски се поврзува и со лицето Виктор Стојанов.

