Според фотографијата која МВР ја достави до медиумите, во моментот кога полицијата го снимила, возилото се движело со 229 километри на час, што е за 129 километри на час повеќе од дозволената брзина на движење.
Како што соопштија од МВР, 27 од возила за кои е напишана казна, се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.