– На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во Драчево, биле пронајдени 261,82 грама марихуана, како и 17,93 грама психотропна супстанција – амфетамин. Освен ова, полициските службеници пронашле и одзеле и 5,63 грама семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност да го потвори делото.​​