Станува збор за извесен Гоце Ристов којшто не ѝ познат досега на македонската јавност. За оваа кандидатура се огласија од Државната Изборна Комисија кои информираат дека до нивните одделенија е доставена кандидатурата.
„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, велат од ДИК.
Се официјализира бројката на кандидати
Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата. На нешто повеќе од половина од собирањето потписи за претседателски кандидат веќе седум кандидати ги обезбедија потребните 10.000 потписи. Според проценките ова веројатно ќе биде и конечната бројка на учесници на претседателските избори.
Пендаровски и Силјановска Давкова главни фаворити за претседател
ВМРО-ДПМНЕ по претседателската позиција ќе „атакува“ со Гордана Силјановска-Давкова, а нејзината поддршка за кандидатурата ја потврдија на конгрес. Што се однесува до СДСМ пак, за реизбор на актуелниот шеф на државата ќе одат повторно Стево Пендаровски. Овие кандидати ќе имаат „реприза“ од 2019 година.
Седум кандидати досега обезбедија поддршка
Освен овие двајца кандидати, неопходниот број потписи го собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Максим Димитриевски – кандидат на ЗНАМ Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.
Кои се седумтемина кандидати кои досега ги обезбедија потребните 10.000 потписи?
Рокот за собирање на потписи истекува на денот на жената 8 март, на полноќ.