Владата на Македонија на својата веб страна ги објави платите на премиерот и министрите.
Според податоците, најголема плата зема премиерот – Димитар Ковачевски, чија плата заедно со минат труд изнесува 88.260 денари.
Најголема плата пак меѓу министрите има Министерот за Внатрешни Работи – Оливер Спасовски, кој зема 86.324 денари.
Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби зема плата во висина од 70.478 денари, додека министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини има само 2 години работен стаж и зема 65.989 денари плата.
Во продолжение останатите плати во Владата: