Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на својот Фејсбук профил го честиташе големиот празник Илинден со текст во којшто ниту еднаш не беа употребени термините: Македонија, Македонци, македонско. Таа се осврна на „мултикултурализмот и мултиетничноста“, но не напиша ниту еден збор околу Македонците и нивната татковина Република Македонија. Се разбира дека ова наиде на лавина рекации кај народот во коментарите на нејзината објава.
Да продолжиме да ја градиме нашата држава како слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници. Денеска, кога со сета почит и достојно ги празнуваме двата Илиндена од 1903 со Илинденското востание и Крушевската Република и од 1944 со АСНОМ, оддаваме неизмерна почит и сеќавање на храброста и визијата на личностите и нивните подвизи со кои се поставија столбовите на Републиката и на државноста.
На победата од минатото продолжуваме да ја градиме нашата иднина во која има место за мултикултурализмот и мултиетничноста, како најголеми вредности на нашето општество.
Нека ни е честит и вековит Илинден!
Нека е вечен споменот на двата Илиндена!
Нека е честит и вековит Денот на Републиката!, напиша Царовска на Фејсбук.
Кометнарите на самата објава говорат за револтот кој го предизвика министерката бидејќи не ги употреби овие зборови.
Штом не го кажавте и мето на Републиката,другото што сте го напишале нема никакво значење. Името е Република Македонија, пишуваат граѓаните во коментари.
Погледнете повеќе:Објавата на Царовска можете да ја погледенете во продолжение.