Запален вентилациски канал кој ја спроведува пареата на најгорниот кат во „Ист Гејт“ е причина за пожарот кој утрово избувна во популарниот трговски центар. Пожарот е локализиран, нема повредени, но има причинета материјална штета.

Се огласија и од трговскиот центар од каде преку писмено соопштение до медиумите информираа дека техничките служби и пожарникарите навремено го локализрале пожарот.

Откако заврши увидот во трговскиот центар тој продолжи со работа со редовно работно време. Единствено, сѐ уште не работи делот за храна каде се вршат дополнителни проверки.

(ВИДЕО) Пожар во „ИСТ ГЕЈТ“: Аларм избувна поради пожар во еден од рестораните, посетителите и вработените забрзано го напуштија објектот!

Ова не е првпат трговскиот центар Ист Гејт да биде мета на некоја незгода. За потсетување, во молот имаше поплава, неколку пати пукање и нереди. Ваквата разврска беше „мета“ за стотици сатирични коментари, а најинтересните ќе ги пренесеме во продолжение:

„Објектов заслужи да се снимаат добри серии“

Има ли некоја бајачка за Ист Гејт

Никогаш не е досадно таму изгледа

Го фатија клетвите што го турнаа Саем

На вработените од Ист Гејт да им се даде бенифициран стаж