Загадениот воздух во Скопје и другите градови во Македонија е во фокус и оваа зима.
Вчера главниот град, според специјализираната интернет страница Ајкјуер беше меѓу првите десет загадени градови во светот, односно се најде на шесто место. Утрово загаденоста е намалена, па главниот град е на 21 место.
Сепак тој е трет најзагаден град во Европа, по Варшава и Вроцлав во Полска. Освен во Скопје енормна загаденост синоќа беше регистрирана и во Струмица.