-Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби.
Ова покажува само едно, дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата! Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин.
Луѓето бараат алтернативи, уплашени пред информациите за цената на струјата и пред мерките што ги опфаќа кризната состојба во енергетиката. Наголемо се купува огревно дрво, забележана е поголема побарувачка за плински уреди, а во МЕПСО купуваат авио билети!
Ова не може да помине неказнето. Одговорност мора да има!, додава Николов.