Пропадна лагата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во аферата „Делчевски ниви“. Од оваа партија потсетуваат дека оваа лага секојдневно беше лиферувана по владините медиуми, а оттука се наметнува прашањето ќе се извинат ли оние кои кажуваа невистини, а прва на тапет е министерката Славјанка Петровска.

Постапката за случајот „Делчевски ниви“ е сопрена од Обвинителството поради сменет исказ на член на еден од одборите на ЕВН и немање доволно докази кои би го поткрепиле обвинението.

Во продолжение објавуваме фотографија да се потсетиме како министерката Петровска манипулираше со јавноста:

Утрово на оваа тема се огласија од партијата ВМРО-ДПМНЕ:

Нивните лаги ги потврди дури и нивното обвинителство, кој тие го контролираат, во недостиг на ни еден доказ, со кој се потврдува лажното обвинение, кое беше конструирано од власта.

Самиот документ го потврдува тоа кој гласи:

„По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказот на осомничените, како и сите обезбедени материјали, во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“.

По ова сега, докажано како измислено обвинение, без докази, очекуваме по истото да се произнесе власта и во најмала рака да се извини пред народот, за лажните обвинувања, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.