По затворањето на избирачките места, првичните податоци на ДИК за Град Скопје покажуваат убедливо водство на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Зад него се Амар Мециновиќ од Левица и Каја Шукова од СДСМ. Независниот Горан Марковски е околу 2,1%. Овие бројки се неофицијални, па засега се уште не се знае дали ќе се оди во втор круг.

Засега, според ДИК, Орце Ѓорѓиевски има 41,96%, односно 38.683 гласови. Амар Мециновиќ има 12,84%, односно 11.836 гласови, а Каја Шукова пак  има 11,28% од гласовите односно. за неа гласале 10.401 гласачи. Кандидатот на ДУИ, Скендер Реџепи има 10,58% од гласовите, односно 9.755 гласачи.