Вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека по течението на река Треска, помеѓу кичевските села Вранештица и Бигор Доленци, забележан е помор на речна пастрмка во поголеми размери.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, по што заеднички екипи ќе преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот.

Против лицето кое извршило загадување на вода со штетна материја ќе биде поднесена кривична пријава по член 223 од Кривичниот законик „загадување на вода или добиточна храна“.