Полицијата во изминатото деноноќие приведе 18 возачи на различни локации низ државата поради сомнение дека го сториле кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од приведените, 17 управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив се М.Р. (19), Б.Ф. (24), Џ.С. (24), Ф.С. (33), А.Л. (25), С.Б. (25) и Г.Ѓ. (34), сите од Скопје.

Од скопскиот регион биле приведени и Ш.О. (31) од Арачиново, А.Р. (25) од Батинци, С.А. (33) од Студеничани и 17-годишник од Стајковци.

Без положен возачки испит биле затекнати и С.А. (19) од тетовско, Р.Б. (32) од Куманово, А.Б. (24) од Кичево, П.С. (38) од битолско, 15-годишник од Пробиштип и П.Ѓ. (19) од Велес. Според полицијата, 19-годишникот од Велес предизвикал и сообраќајна незгода.

Од слобода бил лишен и О.В. (27) од Македонска Каменица, бидејќи управувал возило под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, за време на активна забрана или под дејство на алкохол. Од МВР повикуваат сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.