Вистинско дерби во секоја смисла на зборот вчеравечер се одржа во Скопје. Од теренот, па се до трибините атмосферата беше фантастична, а салата полна до последното столче. Ракометарите на Вардар ја добија првата битка за титулата во домашното првенство, откако во „СЦ Јане Сандански“ во првата пресметка од плејофот со најголемиот конкурент за титулата, тимот на Еурофрм Пелистер славеа со 31:24.
За жал, натпреварот падна во сенката на инцидетот кој го направија навивачите на двата тима. Немилите настани започнаа откако „Чкембарите“ фрлија факели во делот каде што се наоѓаше мирната и неутрална публика, а потоа и „Комитите“ влетаа на теренот и почнаа да фрлаат со сè и сешто по гостинските навивачи.
Сепак, и не е се така црно, а според многумина Чкембари направија вистински „ПОТЕГ НА НАТПРЕВАРОТ“ кога извадија парола за прерано загинатите Комити, па потоа цела сала даде аплауз и ги скандираше во еден глас.
Фотографијата, а и деталите може да погледнете во продолжение од Фејсбук објавата на Боемот 2.0.